
Електрични и хибридни автомобили се помалку стресни за возачните отколку оние на конвенционален погон.
Студијата спроведена од францускиот производител DS покажа дека возачите на електрични и хибридни автомобили доживуваат помалку стрес додека возат од оние кои возат автомобили со конвенционален погон.
Во истражувањето на 2.000 британски возачи, резултатите покажуваат дека 78% од возачите доживеале стрес додека возеле.
Сепак, 38 отсто од сопствениците на електрични и хибридни модели изјавиле дека се чувствуваат помалку стресни во нивниот сегашен автомобил отколку кога возат со дизел или бензин.

Што се однесува до другите резултати од ова истражување, 31% од испитаниците признале дека стресот негативно влијае на нивните возачки способности, а возачите под стрес имаат поголема веројатност да донесат непромислени одлуки и да обрнуваат помалку внимание на потенцијалните опасности. Поради овој факт, за многумина е важно амбиентот на возилото да е релаксирачки, а секој петти возач вели дека функциите на возилото наменети за намалување на стресот се еден од факторите при купување на нов автомобил.
Дали новите електрични автомобили се ,,по зелени’’ од старите?
Кога станува збор за способноста на автомобилот да го намали стресот, 41% од испитаниците го наведуваат тивкото и префинето возење како приоритет, па со задоволство би одбрале хибриден или електричен автомобил. Дури 52% од испитаниците сметаат дека за пониско ниво на стрес се потребни удобна кабина и седишта, а 34% од нив го наведуваат удобното возење како најдобра релаксација.