
Елон Маск, еден од најбогатите луѓе на светот вчера постигна договор за купување на Твитер за 44 милијарди долари. Со договорот оваа социјална мрежа е во целосна сопственост на Елон Маск. Претходно се шпекулираше дека прифатлива цена за Елон Маск е 43 милијарди долари, но после таа информација акциите на Твитер пораснаа четири отсто на берзата.

Маск преговарал за купување на Твитер во лично својство, а неговата компанија Тесла не е вклучена во овој бизнис. Договорот го прекинува функционирањето на Твитер како јавна компанија која на пазарот влезе во 2013 година. Маск изјави дека Твитер мора да биде приватен за да расте и да стане вистинска платформа за слобода на говор. „Слободата на говорот е основа на функционална демократија, а Твитер е дигитален градски плоштад каде што се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, вели Елон Маск.
Претходно, тој нагласи дека главен приоритет за него ќе биде да ја елиминира „армијата на ботови“ на Твитер. Тој исто така нагласи дека платформата треба да биде повнимателна кога одлучува дали да ги отстрани твитовите или трајно да ги забрани корисниците.