
Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, познат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст.
По објавувањето на тажната вест се огласи и неговото семејство:
Целиот свет го знаеше како Гантер, но ние го знаевме како голем актер, музичар, сакан сопруг и човек кој последните месеци од животот ги помина во кревање на свеста за опасностите од ракот. Ја обожаваше музиката и непланираните авантури. Ако некогаш сте го запознале, тој веројатно ви останал ваш доживотен пријател.
Скршени од болка, на социјалните мрежи, колегите се простуваат од својот голем пријател, колега и соработник.
Џенифер Анистон, преку емотивна порака се прости од својот колега. Тие беа чести партнери во кадарот, заедно ги направија најсмешните сцени кои денес многумина ги сакаат и прераскажуваат.
Пријателите не би биле исти без тебе. Ти благодариме за смеата што ја внесе во ова шоу и во нашите животи. Ќе ни недостигаш многу!
View this post on Instagram
Инаку, актерот кој од 2018 година се борел со рак на простата, починал во својот дом во Лос Анџелес.