ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.10.2021
Емотивна порака на Рејчел од „Пријатели“ за смртта на својот Гантер

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, познат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, почина на 59-годишна  возраст.

По објавувањето на тажната вест се огласи и неговото семејство:

Целиот свет го знаеше како Гантер, но ние го знаевме како голем актер, музичар, сакан сопруг и човек кој последните месеци од животот ги помина во кревање на свеста за опасностите од ракот. Ја обожаваше музиката и непланираните авантури. Ако некогаш сте го запознале, тој веројатно ви останал ваш доживотен пријател.

 Скршени од болка, на социјалните мрежи,  колегите се простуваат од својот голем пријател, колега и соработник.

Џенифер Анистон, преку емотивна порака се прости од својот колега. Тие беа чести партнери во кадарот, заедно ги направија најсмешните сцени кои денес многумина ги сакаат и прераскажуваат.

Пријателите не би биле исти без тебе. Ти благодариме за смеата што ја внесе во ова шоу и во нашите животи. Ќе ни недостигаш многу!

 

 

Инаку, актерот кој од 2018 година се борел со рак на простата, починал во својот дом во Лос Анџелес.

 

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)