ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.09.2022
Енергетската криза ги „руши“ електричните автомобили
Автор: Goce Author

Високите трошоци за енергија ја загрозуваат иднината на електричните автомобили, предупредија шефовите на индустријата во Германија, пишува Гардијан.

Photo by Ernest Ojeh on Unsplash

Поскапувањето на струјата, како и сè потешката достапност и поскапување на суровините, заедно со хроничниот недостиг на делови и намалувањето на куповната моќ на граѓаните поради инфлацијата, имаат значително влијание врз производството и продажба на автомобили.

Доколку овој тренд продолжи, постои и загриженост дека ќе има ефект врз инвеститорите.  Тие нема да имаат мотивација да градат станици за полнење електрични возила, со што електричните автомобили ќе бидат помалку атрактивни.

Доколку кризата продолжи, интересот на инвеститорите за изградба на станици за полнење ќе биде доведен во прашање.

До сегашната криза, електричните автомобили беа сè попривлечни – особено со зголемувањето на трошоците за гориво. Удар прави неодамнешното зголемување на цената на електричната енергија.  Во Германија е за околу една третина во споредба со минатата година. Со тоа разликата во цената на горивото и потребната електрична енергија за палење на автомобилот се намали.

Експлозијата на цените на струјата е акутна опасност за електричните автомобили

„Експлозијата на цените на струјата може да стане акутна опасност за транзицијата на возилата и мораме да бидеме многу внимателни со тоа“, изјави за германските медиуми економистот Стефан Бразел, експерт за автомобилска индустрија.

„Ако електричните автомобили станат поскапи за употреба, електричната мобилност е во опасност од колапс бидејќи ретко кој ќе купи електричен автомобил“, додаде Брасел.

Електричните автомобили со вртоглав раст на цените

Тој и другите поборници за електрични автомобили сега ја повикуваат германската влада да се погрижи цената на електричната енергија да остане под цената на бензинот. Според нив, таа  е клучна за иднината на електрификацијата на автомобилите.

Државните субвенции за електричните автомобили од 2023 година треба да се преполоват на 4.500 евра. Купувачите на плаг-ин хибриди, кои моментално добиваат субвенција од 6.750 евра, би останале без никакви стимулации.

Вкупните расположливи пари треба да бидат ограничени на 2,5 милијарди евра. Тоа е доволно за покривање на бонусот за само 400.000 електрични автомобили. Сепак, тоа помалку од 1% од автомобилите на германските патишта.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија