
Европската Унија ја казни кинеската платформа за онлајн купување Temu со 200 милиони евра поради прекршување на европскиот Закон за дигитални услуги (DSA), откако истрагата покажала дека на платформата масовно се продавале небезбедни и нелегални производи.
Ова е една од најголемите казни досега изречени според европските дигитални правила, а случајот повторно ја отвори дебатата за тоа колку младите се безбедни кога купуваат евтини производи преку апликации и сајтови кои агресивно ги таргетираат токму нив.
Според Европската комисија, Temu не направил доволно за да ги анализира ризиците од нелегални производи што се продаваат на платформата. Во тајна проверка спроведена за потребите на истрагата, голем број полначи не ги поминале основните безбедносни тестови, додека кај дел од играчките биле откриени опасни хемикалии и делови што можат да предизвикаат задушување кај деца.
Европските регулатори тврдат и дека самиот дизајн на платформата – алгоритмите за препораки, агресивните попусти и инфлуенсерските промоции – дополнително го зголемувале ширењето на вакви производи.
Temu стана екстремно популарен меѓу младите поради ниските цени, постојаните „flash sale“ акции и огромниот број производи што се појавуваат преку TikTok, Instagram и YouTube видеа, од страна и на македонски инфлуенсери.
Многу млади купуваат облека, технолошки додатоци, украси за соба, козметика или уреди без притоа да проверат кој е вистинскиот продавач, дали производот има сертификати и што се случува со нивните лични податоци.
Токму тука експертите гледаат поголем проблем од самите евтини производи.
Кога некој купува преку вакви апликации, остава огромна количина податоци:
Платформите потоа ги користат овие податоци за да создадат персонализирани препораки и реклами кои треба да ве натераат да купувате уште повеќе.
Европската Унија веќе подолго време проверува дали големите платформи како Temu доволно транспарентно објаснуваат како функционираат нивните алгоритми и како се користат податоците на корисниците. Дел од истрагите за платформата сè уште траат.
Последните години Temu и слични платформи драматично го променија начинот на кој младите купуваат онлајн. Наместо да чекаат со недели за производ од локална продавница или да платат поскапо, многумина денес нарачуваат директно од Кина по цени што изгледаат „предобри за да бидат вистинити“.
Но, европските институции предупредуваат дека токму тоа е проблемот.
Според извештаите, дел од производите што се продаваат на овие платформи не ги исполнуваат европските стандарди за безбедност, а царинските служби бележат огромен број пакети со производи што не се усогласени со правилата на ЕУ.
Европскиот Закон за дигитални услуги – Digital Services Act – е нов сет правила со кои ЕУ се обидува да создаде „побезбеден интернет“.
Законот бара големите платформи:
Temu сега има рок до август 2026 година да достави план како ќе ги поправи проблемите. Ако не го направи тоа, може да се соочи со дополнителни казни.
Иако онлајн купувањето стана секојдневие, експертите советуваат младите да бидат внимателни:
Бидејќи во дигиталниот свет, понекогаш најскапата цена не е производот – туку податоците што доброволно ги оставаш зад себе.