ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.01.2024
Еве зошто YouTube ви кочи деновиве
Автор: Goce Author

Многу корисници во последниов период реагираа дека имаат проблем со  YouTube, репродукцијата на видео се „кочи“, а се чини дека тоа не е проблем на Google.

Уште во ноември минатата година, низ Интернет се проширија теории на заговор дека Google намерно го забавува YouTube на Mozilla Firefox, додека тој работи без проблеми на Chrome.

Image by Freepik

Сепак, тие гласини беа брзо демантирани од Google, објаснувајќи дека не е само Firefox погоден од проблемите и ги обвини инсталираните блокатори на реклами.

Два месеци подоцна, во текот на овој месец (јануари), се појавија слични инциденти, а некои корисници почнаа да известуваат дека нивниот YouTube бил забавен доколку користеле блокатори на реклами. Се разбира, повеќето луѓе го обвинија Google за ова.

Сепак, како што се испоставува, проблемот не е предизвикан од Google или YouTube, туку од Adblock и најновото ажурирање на Adblock Plus (верзија 5.17.0).

YouTube – креатор на нереални соништа

Програмерите на Adblock Plus го идентификуваа проблемот како регресија на перформансите на нивното складиште на GitLab.

Затоа, се препорачува оние корисници кои ќе забележат проблеми со услугите Adblock и Adblock Plus на YouTube и другите платформи, да ги ажурираат своите екстензии.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија