ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.08.2022
Евростат: Во Македонија вести најмногу се читаат онлајн
Автор: Goce Author

Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат.

Во регионот можеби не сме највисоко на оваа листа, пред нас е Грција, Црна Гора и Србија. Онлајн вести најмногу читаат граѓаните на возраст од 25 до 54 години.

Од земјите во регионот, повеќе од македонските граѓани, вести на интернет читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77). Помалку онпајн вести читаат Албанците (58 отсто).

Во ЕУ, девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 години, користеле интернет минатата година. И овде најмногу го користеле за читање вести.

Бизнисот и политичките партии се креаторите на лажни вести – медиумската писменост лекот?

Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу корисници на интернет кои читаат онлјан вести се регистрирани во Финска (93 отсто), Литванија и Чешка (92 отсто) и Хрватска и Грција (90 отсто).

Најмалку читатели на вести на интернет има во Романија (59 проценти), Германија (62 проценти), Франција (63 проценти), Италија (64 проценти) и Белгија (67 проценти).

Во споредба со 2016 година, употребата на интернет за читање онлајн вести се зголемила повеќе кај жените, отколку кај мажите. Но генерално, според Евростат мажите го користеле интернетот за читање вести почесто од жените.  Мажите учествуваа со 74 отсто во споредба со 71 отсто кај жените.

Фејсбук станува мрежа за баби, дедовци, стрини….

Читањето на „онлајн сајтови за вести“ е најпопуларно кај возрасната група од 25 до 54 години (75 отсто).

Процентот на корисници на интернет најмногу се зголемил во руралните средини (од 65 отсто во 2016 година на 69 отсто во 2021). Според степенот на образование, пак, онлајн вести најмногу читаат луѓето со високо образование – 85 отсто, додека кај граѓаните со пониско ниво на образование тој процент изнесува 57.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија