ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.06.2022
Facebook воведува Reels за натпревар со TikTok
Автор: Goce Author

Facebook ќе има Reels,  со цел да се префрли на Discovery Engine и поуспешно да се натпреварува со TikTok.

Според првиот човек задолжен за апликацијата Facebook во Meta, Том Алисон, целта е да се префрли Facebook на „Discovery Engine“ кој во голема мера би се потпирал на препораки, нешто слично на feed-от For You на TikTok.

Препораките главно ќе потекнуваат од „неповрзани“ содржини, вклучително и „Reels“, а корисниците ќе гледаат помалку објави од пријателите и членовите на семејството во нивните feed-ови.

Планот вклучува и враќање на сандачето на Месинџер во апликацијата Facebook за да ги поттикне корисниците да споделуваат повеќе содржини од гореспоменатиот „Discovery Engine“.

Слични промени веќе се случуваат на Инстаграм. Ова не е прв пат претставници на Meta да навестуваат големи промени во апликацијата Facebook, ниту пак првпат слушаме за претстојниот пресврт од социјалната мрежа во „Discovery Engine“.

Елон Маск: Избришете ги социјалните мрежи

Марк Цукерберг и другите функционери на ,,Meta’’ јасно ставаат до знаење дека натпреварувањето со платформата ,,TikTok’’ е нивен приоритет, а сега се познати повеќе детали за тоа како имаат намера да го сторат тоа.

Социјалната мрежа ,,Facebook’’ работи на голем редизајн на главниот feed кој значително би ја нагласил препорачаната содржина на страници, креатори и луѓе кои корисникот не ги следи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија