ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.06.2022
Факти за Германија – пијат пиво и сакаат книги
Автор: Goce Author

Можеби ја познавате Германија како земја со живописна природа и интересна историја, но сега ќе прочитате и малку познати факти. Доколку патувате во иднина, ќе ви бидат од корист.

Факти за пивото

  • Во Германија има  повеќе од 1.500 различни видови на пиво.
  • Во Баварија пивото се смета за храна.
  • Германија е дом на најголемиот фестивал на пивото, Октоберфест. Стандардната чаша овде е еден литар пиво.
  • Доколку сакате да нарачате едно пиво доволно е да го покажете палецот. За две пива покажете го само показалецот.
  • Германија е вториот најголем потрошувач на пиво во Европа. Годишно се троши околу 2,55 милијарди галони годишно.

Photo by: Unsplash

Факти за јазикот

  • Германскиот е најпопуларниот трет јазик што се учи во светот.
  • Германскиот јазик е 11-ти на листата на најраспространети јазици во светот.
  • Постојат 35 различни дијалекти на германскиот јазик.
  • Германците се многу заштитнички настроени кон својот јазик, така што повеќето филмови се синхронизираат на германски со помош на локални актери.

Photo by: Unsplash

Германија: Се вакцинирал 90 пати и продавал сертификати

А овие факти ги знаете?

  • Германија продава околу 6 милиони автомобили годишно, што ја прави еден од најголемите производители на автомобили во светот.
  • Станува збор за нација која сака книги, па објавува околу 94.000 наслови секоја година.
  • Германија е многу културна земја, со 6.200 музеи, 820 театри, 130 професионални оркестри и 8.800 библиотеки.
  • Германија е 5-та најпопуларна земја за странски студенти.
  • Во 2017 година, 91% од дипломираните студенти биле активни на пазарот на труд.
  • Најпопуларното германско презиме е Müller.
  • Германците многу сакаат леб, па тука ќе најдете повеќе од 300 видови на леб.
  • Првиот Октоберфест всушност било свадба.
  • Тука може да ја посетите најголемата катедрала во светот.
  • Во Германија може да посетите повеќе од 400 зоолошки.

Па, што ви се допадна најмногу? Дали би заминале се’ уште само заради пивото или пак ќе ја зачувате листата?

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија