
Од компанијата Фајсер соопштија дека во првиот квартал на ова година оствариле приход од 26 милијарди долари од продажбата на вакцината и лекот против Корона како и од другите производи. Некои го обвинуваат Фајзер дека профитираат во време на пандемија. Компанијата значително го зголемила својот приход во текот на пандемијата.
Со вакцинацијата се спасени голем број на луѓе од смртен исход и од тоа да имаат сериозни симптоми на заразата, но Фајзер се критикува поради цената на производот и поради тоа што не се одрекуваат од патентот за вакцината со што ќе овозможат и другите да ја произведуваат вакцината.
Приходот од 26 милијарди долари во првиот квартал е повисок за дури 77% во однос на истиот период минатата година. Со продажбата на вакцини компанијата остварила приход од 13,2 милијарди долари, а со продажба на лековите Плаксовид 1,5 милијарди долари. Значаен приход е остварен и од други придружни производи кои беа потребни во текот на пандемијата.
Се очекува годинава компанијата Фајзер да има рекордна продажба која би требало да достигне сума од 98 до 102 милијарди долари. Компанијата тврди дека вакцините на сиромашните земји им биле продавани по поволна цена, пренесува Гардијан.