ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.04.2022
ФБИ: Северна Кореја стои зад големата кражба на криптовалути
Автор: Goce Author

Хакери од Северна Кореја се одговорни за кражбата на криптовалути во вредност од 625.000.000 долари, што се случи на 23 март, се вели во најновото соопштение на ФБИ.

Фото: FCW

Американскиот сервис тврди дека групата „Лазарус“, најпознатата севернокорејска хакерска банда, се обидува да ги „испере“ украдените криптовалути за режимот на Ким Џонг Ун, до кои дошла откако го хакирала блокчејн проектот „Ронин“.

„ФБИ продолжува да се бори против злонамерните сајбер активности, вклучително и заканата што ја претставуваат севернокорејските хакерски групи за приватниот сектор во САД. „Преку нашата истрага, успеавме да потврдиме дека групите „Лазар“ и „АПТ38“, поврзани со Северна Кореја, се одговорни за кражба на криптовалутата етереум вредна 620.000.000 долари“, посочува ФБИ.

„Копањето“ биткоини ќе заврши во 2140 година

Како што се наведува понатаму, режимот во Пјонгјанг се обидува да дојде до пари преку сајбер криминал и кражба на криптовалути.

Во грабежот на 23 март, хакерите успеаја да извлечат 173.600 етериуми и 25.500.000 стабилни коини, валута која е поврзана со вредноста на американскиот долар.

Групата „Лазарус“ изминативе години беше осомничена за бројни сајбер кражби, чиј плен се проценува на повеќе од милијарда долари.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија