ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.09.2023
Фејсбук се откажува од рубриката „вести“
Автор: Goce Author

Фејсбук најави дека ќе го заврши својата „рубрика“ за вести во Обединетото Кралство, Франција и Германија на почетокот на декември и ќе се фокусира на кратки видео содржини.

Одлуката е донесена во согласност со стратегијата на Facebook за насочување на ресурсите во области од поголем интерес за корисниците, тврдат од компанијата.

Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување на интереси, а не за вести и политички содржини, нагласуваат тие.

Според Facebook, содржината на вести има помалку од три проценти од прегледите на платформата на глобално ниво.

Промената нема да влијае на другите производи и услуги на Мета во Британија, Франција и Германија и корисниците сè уште ќе можат да пристапуваат до написите од вести преку споделени врски.

Европските издавачи ќе го задржат пристапот до нивните сметки и страници на Facebook, што им овозможува да објавуваат линкови до содржината и да ги насочуваат корисниците кон веб-страниците.

Тие исто така можат да користат производи како Reels и системот за рекламирање за да допрат до поширока публика и да го задржат целиот приход од надворешни врски.

Како до “детоксикација“ од социјални мрежи

Фејсбук ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Франција и Германија додека не истечат, но не планира да склучува нови за објавување на вести на Facebook News.

Тие исто така посочуваат дека не подготвуваат нови производи специјално прилагодени на издавачите на вести, истакнувајќи во исто време дека ќе истраат во поврзувањето на корисниците со веродостојни информации.

Компанијата соработува со независни „проверувачи на факти“, сертифицирани од Меѓународната мрежа за проверка на факти, при анализирање и оценување на потенцијалните вирусни дезинформации во нејзините апликации, велат тие.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија