ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.03.2022
(Фото) Студентите насликаа мурал во центарот на Штип
Автор: Goce Author

На објектот на Ликовната академија во Штип студентите насликаа мурал на површина од приближно 15m².

Ментор и автор на скицата е проф. Јана Јакимовска од Ликовната академија на УГД.Ова за студентите било дел од проектна задача по предмети „Ѕидно сликарство“ , а во целиот проект се вклучиле и студентите од трета година.

„Мотивот на муралот е тесно врзан со работата на Ликовната академија на УГД и со она што се случува ,од другата страна на ѕидот’, а ликовниот јазик е свесно поедноставен и стилизиран, за да можат рамноправно во изработката да се вклучат студенти со различни ликовни сензибилитети. Студентите кои работеа на муралот имаа можност да се запознаат со целиот процес на изработка на еден мурал, почнувајќи од пренесување на скица во размер, па сè до завршните финеси” – рече професорката Јакимовска.

(Галерија)Отворена изложба на студентите од Ликовната академија на УГД

Изработката на овој мурал беше дел од активностите врзани со петнаесетгодишниот јубилеј на постоење на Универзитетот „Гоце Делчев“, а истиот се совпадна со десетгодишнината од започнувањето на работа на студиската програма по Класично сликарство.

Започна електронското аплицирање за упис на УГД
Студентите од ФМН мереа шеќер и крвен притисок по повод 16 години УГД