
Франција од октомври забранува термини како „бифтек“, “бургер“, “колбас“, за вегетаријански производи за храна.

Photo by Rolande PG on Unsplash
Забраната, за која француските политичари се договорија уште во 2020 година, ќе стапи на сила во октомври.
Франција ќе стане првата европска земја што ќе ја забрани употребата на зборови како „бифтек“, „бургер“ или „колбас“ за вегетаријански прехранбени производи, пишува Дојче веле во официјалниот декрет објавен на крајот на минатата недела, пренесува Пословни дневник.
„Нема да биде можно да се користи терминологија специфична за секторот која традиционално се поврзува со месо или риба за производи кои не припаѓаат на животинскиот свет и кои во суштина не се споредливи“, објаснува регулативата.
Оваа регулатива ќе важи само за производите од Франција, а најголемата асоцијација на земјоделци во земјава, FNSEA, смета дека регулативата не оди доволно далеку бидејќи ја отвора вратата за увозната стока да се декларира како таква.
Снеже Велков: Веганство – само дисциплината ќе ве однесе до целта
FNSEA смета дека слична одредба треба да се воведе и на европско ниво. Сепак, Европската комисија го одби таквиот предлог пред две години. Некои термини, како што се „путер“, „млеко“ и „сирење“, веќе се заштитени на европско ниво и не можат да се користат за означување на вегетаријански производи.
Сепак, „бургерот“ може да има и своја алтернатива од зеленчук. Пазарот за вегетаријански и вегански прехранбени производи силно порасна во последниве години.