ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.09.2023
Франција ќе ги забрани електронските цигари
Автор: Goce Author

Франција има намера да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави француската премиерка Елизабет Борн за радио станицата RTL.

 

– Тоа е важно јавно здравствено прашање, рече Борн, додавајќи дека владата подготвува планови за национална програма за борба против консумацијата на тутун, која според неа е одговорна за 75.000 смртни случаи годишно во Франција.

Овие уреди создаваат навики кај младите кои можат да доведат до зависност од тутун, додаде таа.

Но, Владата нема намера следната година да го зголеми данокот на тутунските производи по годинешното зголемување, рече премиерот.

Шведска наскоро прва земја без цигари

Францускиот претседател Емануел Макрон ги претстави плановите за сузбивање на консумацијата на тутун и алкохол во 2021 година, ветувајќи дека ќе обезбеди повеќе места за непушачи, а до 2030 година сака да ги направи сите 20-годишни непушачи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија