ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.08.2023
Франс Прес го тужи Илон Маск

Агенцијата Франс прес (AFP) објави дека поднела тужба во Париз против платформата Х на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијална исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција.

 

Во 2019 година, Франција усвои регулатива за сродни права која ги принудува големите интернет платформи да влезат во преговори со издавачите кои бараат компензација за вести.

– Агенцијата Франс прес ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на Твитер (неодамна преименуван во „Х“) да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права, се вели во соопштението на новинската агенција.

Илон Маск го критикуваше потегот на AFP со објава на X.

– Ова е бизарно. Тие сакаат да им платиме за сообраќај на нивните сајтови каде што тие заработуваат приходи од реклами, а ние не, рече тој.

Тужба против чет ботот ChatGPT

X не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Во 2021 година, француската антимонополска управа го казни Гугл со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила.

Оттогаш, Google вети дека ќе го реши спорот и најави договори со АФП и неколку други водечки француски медиуми.

Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија