
Тајната на здравата коса на Меган Маркл не е голема.
Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија, во својата песна „In corpore sano“ поставува јасно прашање – Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?
Песната стигнала и до ушите на фризерот на Меган Маркл па тој ја сподели тајната за здрава коса со јавноста.
„Еден од моите препознатливи стилови се „недовршените бранови’’. Така косата изгледа шик и природно без многу напор. Изгледа природно, па остава впечаток на здрава коса, бидејќи може да сокрие многу маани. Добар спреј за волумен или текстура може да биде одлична основа за стилизирање. Без разлика дали вашата коса е во добра состојба или не, користењето производи за зголемување на волуменот пред стилизирањето ќе даде илузија за погуста, поздрава и поопуштена коса. Пеглата за коса може да предизвика акумулација на статички електрицитет на пуштената коса и да ја отстрани сета природа од фризурата, додека фигаро додава волумен’’ – објасни фризерот Џорџ Нортвуд за британските медиуми.
Констракта претходно откри зошто во виралниот хит покрај другите интересни пораки кои ги испрати до публиката, спомена и за косата на војвотката од Сасекс.

“Решив да ја споменам Меган Маркл во песната, бидејќи весниците пишуваат дека има убава коса. Таа има поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни шешири, а Меган убава коса. Меган е исто така прогонета, а ние ги поддржуваме прогонетите“ – Констракта изјави за српски медиум.