
„И додека седам овде во барот и го гледам низ прозорецот, знам дека Фројд е во право и дека сексот е коренот на сè“, е текстот на песната Забрането пушење. Да се пишуваше денес, можеби овој стих немаше да има такво значење.
Според британскиот весник Гардијан, објавена е нова анализа на работата на австрискиот невролог и основач на психоанализата, која значително отстапува од досегашните тези за работата на Фројд.

Иако тезите на Фројд се толкувани така што сите наши соништа имаат основа во сексуалните фантазии и еротика, ревидираното издание на делото „Толкувањето на соништата“ објавено од научникот Марк Солмс нуди малку поинакво разбирање на тезите.
„Фројд имал многу широко разбирање за сексуалноста. За него, секоја активност што сама по себе барала задоволство, се што е направено со единствена цел на задоволство, наместо со практична цел – била „сексуална““, според Солмс, јужноафрикански психоаналитичар.
На овој начин Фројд опишал и дете кое шутира топка или замавнува на лулашка. Значи, суштината на се е чистото уживање.
„Ова го прошири зборот толку далеку од вообичаената употреба што доведе до значително недоразбирање на неговите теории. Доцна во животот, Фројд го призна ова“, вели научникот.
Комплетното ревидирано стандардно издание на Солмс беше нарачано од Британското психоаналитичко друштво. Поводот е одбележување на 50-годишнината од објавувањето на последниот сегмент од делата на Фројд. Ќе биде објавено во Британија во музејот Фројд во Лондон на 19 септември оваа година.
Младите почесто посетуваат лекари и психолози, зголемена е употребата на психоактивни супстанци
Исто така, Солмс нагласи дека оригиналната верзија на тезите на психоаналитичарот на англиски јазик е објавена во 50-тите и 60-тите години на 20 век и во старата форма на јазикот.
Затоа, во новото издание, научникот исправи одредени грешки и го стави зборот „сексуален“ во помодерен и поинаков контекст.
„Поправив некои грешки. Преведувачот Џејмс Страчи беше постар и неговиот вид не беше најдобар. Исто така, променив некоја терминологија што беше надмината во ова време и додадов некои тези од неговите дела кои не беа во првата верзија“, вели Солмс.