ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.05.2022
Гејмери – Сони ќе ги зачувува старите игри!
Автор: Goce Author

Ова е одлична вест од Сони за сите носталгични гејмери.

Индустријата за игри напредува и се развива, а нови игри излегуваат секоја недела. За жал, во оваа ситуација голем број постари наслови остануваат запоставени, поради промените во технологијата и немањето поддршка. Но за среќа, „Sony“ одлучи да се активира на ова поле, па компанијата создаде нов тим фокусиран на зачувување на наследството од постарите игри.

Герет Фредли, девелопер на игри, неодамна објави на Твитер дека го започнал својот прв ден на нова работа во тимот на „PlayStation“, работејќи како дел од новоформираниот „Preservation“ тим.

„Sony“ се уште официјално не го коментирал формирањето на овој тим, но Фредли истакнува дека зачувувањето на игрите му е една од првите страсти кога е во прашање неговата кариера и дека е многу среќен што се вратил на тие корени.

Зачувувањето на игрите е исклучително важна одговорност, бидејќи овозможува историјата на индустријата за игри и сите игри да бидат достапни и пристапни на одреден начин.

Сè уште не е познато кои се намерите на „Sony“ кога станува збор за новиот тим, но она што е познато дека производителот на конзоли планира наскоро да го редизајнира својот „PlayStation Plus“ сервис преку оригинални и легендарни постари игри.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија