ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.12.2024
Генерацијата З со родителите на работа
Автор: Goce Author

Генерацијата З е се понесамостојна – по одењето на интервју за работа со родителите, сега и на работа одат со придружба на родител.

Пo неодамна објавените резултати од новата студија која покажа дека генерацијата Z (родена помеѓу 1997 и 2012 година) често ги носи родителите на интервјуа за работа и загрижи многу експерти со овие информации, сега младите започнаа нов тренд на TikTok во кој се фалат дека нивните родители ги возат на работа бидејќи, како што велат, така се чувствуваат побезбедни.

Фото: Investopedia

„Она кога татко ти те вози на работа“, напиша една девојка покрај видеото од неа и нејзиниот татко во автомобилот. Уште една припадничка на генерацијата З го сподели видеото со натпис: „Тато сè уште ме вози на работа иако имам 27 години“.

Овој тренд во кој родителите ги придружуваат до работа, предизвика голема дебата на социјалните мрежи.

Мислењата се поделени

@__hatiiiMclaren dhe ky fustani jane SUPER duo🤭🤭🤭

♬ suono originale – speed audios

Генерацијата З зависна од родителите – патување на работа со тато или мама

„Како воопшто функционирате во животот?“, „Не можам да кажам дека ова не е слатко, но од друга страна е смешно. Јас пораснав во Њујорк во 80-тите и првпат се возев сам во воз на 13 години и ништо не ми се случи“, „Треба да станеш малку понезависна“, беа коментарите на луѓето кои сметаат дека младите треба да бидат понезависни.

Од друга страна, имало и такви кои пишуваа дека нема ништо лошо во ова и дека во денешниот свет децата треба повеќе да се грижат. „Убаво е да се има ваква поддршка“, „Тоа го правеше татко ми и денес сум повеќе од благодарна за тоа“, „Ова е вистинска родителска љубов“, „Не разбирам зошто лошите коментари, ова е преслатко“, напишаа тие.

@taybxox Everyday is an adventure 😂 #dad #dadsoftiktok ♬ original sound – Taybxox

Експертот тврди дека ваквото однесување на родителите може само да им наштети на децата

За потсетување, експертот за кариера Тами Кристофис Балис изјави дека не е добро родителите премногу да се мешаат во работите на своите деца и дека веројатно заборавиле како е да се биде на таа возраст.

Таа рече дека разбира дека сите млади луѓе се многу нервозни пред да се сретнат со директори и други клучни луѓе во компаниите и да одат на работа, но смета дека „не е нормално“ да ги земат родителите на емоционална поддршка. „Секако дека ќе се чувствувате нервозни и несигурни, но сето тоа е дел од животот“, заклучила Тами.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија