
Во времето на пандемијата и претходната година се поставува прашањето дали генерација Z е изгубена генерација? Во Европа секојдневно се губат по три млади животи поради ментални здравствени проблеми, посочува УНИЦЕФ во извештајот “The State of the World’s Children 2021: On My Mind”.
![]()
По прогласувањето на 2022 година за Европска година на младите во декември, пленарната сесија на Европскиот парламент ја отвори првата дебата за конкретните младински прашања, со посебен фокус на менталното здравје, вработувањето и социјалното закрепнување во постпандемиската ера.
Лани самоубиството беше втора водечка причина за смрт кај младите, а во ерата по пандемијата ЕУ треба да посвети поголемо внимание на акумулираните проблеми на европската младина, рече пред Европскиот парламент Драгош Пислару, член на Комитетот за вработување и социјални прашања.
Нарушено ментално здравје
Европратениците се согласиле дека младите се една од групите кои се особено погодени од пандемијата, која значително ги намалила нивните можности за образование и вработување, го нарушил нивниот социјален живот и воедно и нивното ментално здравје.
![]()
„Важно е да се работи на проблеми со менталното здравје и сериозно да се сфатат младите луѓе бидејќи самоубиството е втора водечка причина за смрт во ЕУ во 2021 година“, предупреди пратеникот на романската либерална партија Пислар, кој бил задолжен да поставува усни прашања за надминување на последиците, што пандемијата ги остава на младите.
„Ги замолуваме младите да бидат храбри, да истраат, да учат подобро и повеќе без човечки контакт, на далечина и да работат, честопати неплатени или многу недоволно платени. Бараме од нив да протуркаат без оглед на стравовите и екстремиот замор. Не успеавме. И како општество затоа што не признавме дека на младите во Европа им е многу тешко во моментов, ги туркаме преку работ“, рече Пислару во своето излагање.
![]()
Извештајот на УНИЦЕФ од октомври 2021 година предупредува дека самоубиството е втората водечка причина за смртност кај младите во пандемијата.
Во него се наведува дека кај момчињата на возраст од 10 до 19 години, стапката на смртност предизвикана од самоубиство е повеќе од двапати повисока од онаа на девојчињата.