ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.10.2022
Генералното собрание на ОН ја осуди руската анексија: Само 4 земји застанаа на страната на Путин
Автор: Goce Author

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) на вчерашната седница гласаше за поддршка на резолуцијата со која се бара Русија да се откаже од анексијата на четирите украински региони.

Во оваа прилика, само четири земји, не сметајќи ја Русија, застанаа на страната на Владимир Путин, а тоа се Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.

Покрај тоа, 35 земји се воздржаа од гласање, вклучително и Кина.

За оваа резолуција гласаа 143 земји, а меѓу нив е и Македонија.

Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите земји да не го признаваат потегот на Русија за анексија на четири украински територии. Гласањето „за“ значеше и потврдување на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Маск на твитер понуди решение за војната во Украина

По гласањето, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на сите, а американскиот претседател Џо Бајден рече дека тоа е јасна порака до Москва.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија