
Нетфликс почна да губи претплатници (субскрајбери) и тоне во долгови. И сега што?
Се чини дека „играта“ ја губат на свој терен, што во превод значи дека за секој претплатник Нетфликс ќе станува поскап и плус ја ќе ја укинат опцијата за делба на една сметка на повеќе уреди или луѓе. Тоа го прават поради тоа што им требаат повеќе корисници, за да ги надоместат огромните трошоци за продукција на свои сопствени сериии и филмови.

Оригиналната шема на провајдерот беше да охрабри мали независни студиа и продукции да креираат свои филмови. Но во исто време не ги исклучи и големите компании од кои провајдерот ги имаше правата само да ги дистрибуира до секој корисник, со тоа да го делат профитот помеѓу креаторот и дистрибутерот.
Од тука се охрабрија и големите гиганти од продуции како што се HBO и Disney, кои бидејќи имаа големи свои оригинални лиценцирани наслови кои имаа голема гледаност, да си отвораат свои оригинални провајдери како што се HBO Max и Disney Plus и со тоа почнаа да им ги земаат корисниците на Нетфликс. Во исто време пак на Нетфликс веќе не им ги даваат големите наслови на филмови кои се во нивна сопственост.
Во меѓувреме Нетфликс продолжува да губи корисници и да тоне вредноста на акциите од 665 долари на 187 долари.