
Гоце.мк стана дел од Young Media Network, меѓународна организација која што ги обединува балканските медиуми. Имено, претставници од Гоце.мк беа и меѓу основачите на ова здружение. Меѓународното здружение на младински медиуми и медиуми за млади засега обединува 10-тина медиуми од целиот Западен Балкан.
Засега во здружението влегуваат медиуми од Србија, Црна Гора, Босна и Македонија, а целта е Young Media Network да расте и пошироко. Односно, медиумите и новинарите на регионално ниво да се здружат и да создаваат теми од интерес на младите, да си делат информации, искуства и материјали, а притоа заедно во јавноста да ги застапуваат предизвиците на младинските медиуми.

Претставници на медиумите кои се членови на Young Media Network
Мрежата се промовираше викендов во Белград, на манифестацијата „Brave New Media Forum“. Во Белград по шести пат се одржа регионалната конференција „Brave New Media Forum“. Мрежата и меѓусебната соработка ја промовираше и главниот уредник на Гоце.мк, Игор Стојанов.

Претставувањето на мрежата на Brave New Media Forum во Белград
Универзитетските медиуми и ГОЦЕ.МК учесници на глобален медиумски форум
Годинава, Young Media Network, се формализираше за прв пат, каде што имаше седница во која се формираа управните органи на организацијата. За претседател е избрана Јелена Божич од ОРадио од Србија, а во управниот одбор помеѓу 5те членови е и Игор Стојанов, уредник на медиумот за млади – Гоце.мк

Јелена Божиќ – претседател на организацијата заедно со Игор Стојанов – член на управниот одбор
Brave New Media Forum е настан кој годинава обедини преку 60 медиуми од цела Европа, а од Македонија беа претставени само Гоце.мк заедно со Универзитетските медиуми на УГД и Радио МОФ.