
За прв пат во историјата, речниците на Оксфорд дозволија јавноста да гласа за својот збор на годината за 2022 година. Победникот е „режим на гоблин“ (goblin mode).

Photo by Pj Accetturo on Unsplash
Терминот е дефиниран како „тип на однесување што е неоправдано, непромислено, мрзливо или алчно.“, се вели во соопштението на Оксфорд Јазици. „Гоблин режим“ доби огромно мнозинство гласови против двајца други кандидати – „Metaverse“ и „#IStandWith“ – избрани од лексикографите од Оксфорд.
На гласањето учествувале над 340.000 луѓе, при што ,,Goblin Mode’’ добил 318.956 гласови, што беше 93% од вкупниот број. „Metavers“ бил второпласиран збор со 14.484 гласови, додека „#IStandWith“ добил 8.639 гласови.
„Се надевавме дека јавноста ќе ужива да биде внесена во процесот, но ова ниво на ангажман во кампањата не изненади целосно. Силата на одговорот нагласува колку е важен нашиот вокабулар за да разбереме кои сме и да го обработиме она што се случува со светот околу нас.“, изјавил Каспер Гратвол, претседател на Оксфорд Јазици.
За да го изберат победникот, уредниците на Оксфорд ги следеле трендовските зборови и фрази кои се користат во текот на календарската година. Зборот на годината претставува збор или израз кој го одразува расположението од изминатите 12 месеци.
Минатогодишниот победник беше „Vax“, а другите минати победници биле „Selfie“ во 2013 година и „climate emergency“ во 2019 година.