
Голден Стејт е на една победа до титулата во НБА лигата.

Фото: NBA
Со домашната победа од 104:94 против Бостон Селтикс во Chase centеr во Сан Франциско, „Воините“ се во пол позиција пред шестиот натпревар од финалната серија, кој се игра во петок наутро во 3 часот во Бостон. Најефикасни во четвртиот натпревар беа Тејтум од Бостон со 27 поени и Вигинс од Голден Стејт со поен помалку.
Куриозитет на натпреварот беше фактот дека Стив Кари не постигна ниту една тројка! Тој имаше девет обиди за три поени, ниту еден успешен. Со ова, заврши една неверојатна серија од 232 мечеви по ред, на кои Кари постигнувал барем по една тројка! И покрај прекинот на серијата, ова сепак е рекорд на НБА лигата. Голден Стејт и без тој учинок од феноменалниот Кари успеа да победи. Решавачката предност беше остварена во првата четвртина, која „воините“ ја добија со 27:16. До полувреме Бостон успеа само да се стабилизира и да не дозволи предноста да биде многу поголема – полувреме 51:39.

Бостон се закани во третата четвртина, која успеа да ја добие со 35: 24, доаѓајќи до негатива од само еден поен. Но, Голден Стејт уште на почетокот на последната четвртина ги постави работите на свое место. Со серија од 10:0 направи разлика која во меѓувреме и се згиолемуваше, во еден момент достигна и 16 поени. Во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање, па на крајот на семафорот остана 104:94.
Во петок наутро во Бостон, домашните мораат да победат, за да се изборат за мајсторка, а Голден Стејт има право дури и на грешка, иако со победа би ги решил сите дилеми и би дошол до нова НБА титула.