ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.10.2022
Голема изложба на МСУ – Скопје во Виена

Следната година во еден од најголемите европски културни центри во срцето на Виена, Кунстхале, за прв пат ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.

Осум меѓународни уметници ќе направат своја селекција од колекцијата и ќе осмислат поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и нивната работа. Како дел од изложбата ќе биде и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ-Скопје и неговата колекција.

Македонскиот тим во Виена

Брук Ендру (Австралија), Јане Чаловски (Р.С.Македонија), Христина Ивановска (Р.С.Македонија), Синиша Илиќ (Србија), Иман Иса (Австрија) и Ѓулсун Карамустафа (Турција) се уметниците кои меѓусебно ќе соработуваат. Досега Скопје и МСУ го посетиле многу уметници кои што работат на слики и уметнички креации со кои ќе го претстават музејот.

Уметничкиот директор на Кунстхале Виена, Сабина Саболовиќ и Мира Гаќина, директорка на МСУ на работен состанок во Скопје

Самостојна изложба „Бакнати деца“ – делата ќе бидат подарени во хуманитарни цели

„Во Кунстхале имавме неколку работни средби на кои разговаравме за овој амбициозен проект. Кураторскиот тим на оваа важна институција и неколку меѓународно признаени уметници, претходно веќе беа во МСУ – Скопје, каде почнаа да ја прават селекцијата, за тоа, кои од значајните дела на нашата колекција ќе бидат изложени следната година во Кунстхале.“, изјавила Гаќина, директорката на МСУ.

Новата колекција ќе биде претставена и пред публиката, по завршување на изложбата.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија