ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.01.2023
Голф во 1991 чинел 10.000, денес 29.000 евра
Автор: Goce Author

Најефтиниот голф во 1991 година чинел 10.213 евра, а денешната цена на најефтиниот модел на популарниот германски бренд е 29.560 евра. Ова најсликовито покажува колку се зголемени цените на автомобилите со текот на годините.

Цените на автомобилите растат, често драматично. Растеат и цените на суровините, има и инфлација, а треба да се плати и напредок во областа на безбедноста и новите технологии.

Колку навистина се зголемија цените на автомобилите? T-online.de ова го покажа на примерот на VW Golf во Германија.

Во 1991 година, основниот модел чинеше само 10.213 евра (претворен од тогашните германски марки).

Цената постепено се зголемуваше, така што во јануари 2023 година најевтиниот Golf на германскиот пазар би чинел дури 29.560 евра. Значи разликата е огромна.

Ќе станат ли автомобилите достапни само за богати?

Слична е приказната и со другите модели на автомобили. Цените растат, а за многумина од нас автомобилите како Голф се, за жал, сè понедостапни.

Година основна цена (ЕУР)

1991          10.213

1997         13.140

2003        15.220

2008        16.500

2012         16.975

2020        19.880

Ако се погледнат цените во табелата, може да се види дека убедливо најголемото поскапување е забележано во последните 2-3 години, кои ги одбележа пандемската криза, кризата со недостиг на чипови и војната во Украина.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија