ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.03.2022
Google блокираше алатки со кои во живо се следи војната во Украина
Автор: Goce Author

Google привремено ги оневозможи алатките кои обезбедуваат информации во живо за состојбата на сообраќајот во Украина.

Фото: MediaBeast

Компанијата го потврди ова за VICE World News, по извештајот дека луѓето ширум светот ја користеле оваа услуга за следење на движењето на војниците и цивилите за време на руската воена акција во Украина.

Системот за следење на сообраќајот во живо на „Google maps“ работи така што имплементира информации за локацијата и брзината преку апликацијата, а потоа ги користи тие податоци за да покаже во реално време колку е густ сообраќајот на одредени места.

Руската вотка на „црна листа“ во продавници во Канада и САД

Некои корисници открија дека функциите може да се користат за да се обезбеди увид во воените операции.

„Мислам дека бевме меѓу првите луѓе кои ја видоа инвазијата“ – изјавуваат корисници на Google maps.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија