ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.02.2022
Google подготвува нов изглед на компјутерскиот пребарувач
Автор: Goce Author

Google започна со тестирањето на нова верзија на изгледот на својот компјутерски пребарувач.

Photo by Firmbee.com on Unsplash

Иако, промената не е радикална, сепак, може да биде корисна за многумина и да потесетува на опцијата Discover од мобилните уреди.

Во овој ограничен тест, корисниците кои го виделе овој експеримент, како што објави „9to5Google“, ги има следниве содржини пред себе:

  • временска прогноза за моменталната локација;
  • теми во тренд;
  • состојба на берзата;
  • преглед на најновите вести за Ковид-19;
  • предлози за претстојните настани во близина на корисникот.

Со кликнување на кој било од табовите се отвора страница со повеќе детали за темата што го интересира корисникот. Содржината може да се скрие со кликнување на долниот десен агол на екранот.

Ова е тест со ограничен опсег и не е познато дали воведувањето на овој додаток на Google ќе се разгледува глобално и за сите корисници.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија