ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.11.2022
Град во Хрватска нуди бесплатно земјиште на оние кои се преселуваат овде
Автор: Goce Author

Градот Врбовско во Хрватска со години дава различни стимулации за враќање на жителите кои заминале, а сега планираат да им дадат бесплатно земјиште на користење на сите што ќе се решат да се преселат на ова место во Приморско-горската жупанија.

Градот прво би го доделил земјиштето само на користење, а оние што ќе изградат куќа на него во рок од три години, на крајот ќе му го добијат земјиштето бесплатно.

Градот Врбовско

Раководителот на управата на градот Врбовско, Марина Тонковиќ, вели дека куќите ќе можат да се користат и за станбени цели, но дека ќе се дозволи да се користат и за туристички цели. Исто така, нема старосна граница за добивање земјиштето.

„Ние веруваме дека луѓето можат да почнат да градат куќа дури и во педесеттите и шеесеттите години“, рече Тонковиќ.

Имено, Врбовско некогаш вриеше од живот, но ситуацијата наеднаш се менува. Се наоѓа недалеку од границата со Словенија, а на секои десет години губи по илјада жители.

Невен Шулиќ од Врбовско наведува дека ова место „изумира“, бидејќи се повеќе млади заминуваат и дека оваа мерка би придонела за отворање на повеќе работни места.

Новата мерка со бесплатно земјиште ќе стартува на почетокот на следната година, пишува Danas.hr.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија