
Ерик Адамс е градоначалникот кој прв добива плата во криптовалути.
Њујорк е центарот на светот и сакаме да биде центарот на криптовалутите, рече градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
Градоначалникот својата прва плата ќе ја добие во криптовалути и тоа во Етериум или во Биткоин. Со ова тој уште еднаш покажува дека сака од овој град да направи и центар на Криптовалутите. Воедно Адамс ја покажува и својата лична поддршка кон овој аспект на монетарната политика. Криптовалутите во светот се исклучително популарни и земаат голем замав.
Ерик Адамс е неодамна избран за градоначалник на Њујорк и веднаш после стапувањето на функцијата тој се заложи да го направи овој град центар на крипто светот. Борбата се води меѓу Њујорк и Мајами кој исто така го има овој интерес.