ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.06.2022
Грција не е тоа што беше – летувањето енормно поскапе
Автор: Goce Author

Грција станува енормно скапа на некои дестинации, што дури ни Грците не можат да си дозволат летување во сопствената држава.

Поради економската криза во земјата, многу дестинации за одмор во Грција станаа екстремно скапи, толку многу што просечниот Грк не може да си дозволи да летува во својата земја.

Како и во многу делови од светот, стапката на инфлација во Грција се искачи на највисоката стапка во последните триесет години, што веројатно придонесе за големо зголемување на цените на патувањата.

Стапката на инфлација во Грција само во мај достигна 11,3 отсто, во однос на 10,2 отсто во април и 0,1 отсто во мај минатата година, покажуваат податоците објавени од грчката статистичка управа.

Иако цените на хотелските соби, автомобилите за изнајмување и другите важни аспекти на патувањето достигнаа максимум низ цела Грција, особено на грчките острови, тие веројатно само ќе се зголемат.

Најверојатно ќе го достигне својот врв во август, кога повеќето Грци заминуваат на летен одмор, па островите се преполни со туристи од земјава и странство.

Додека во минатото многу луѓе немаа проблем да резервираат сместување за август во текот на летото, цените толку многу се зголемија што луѓето кои сè уште не ги испланирале патувањата останаа заглавени.

На многу од најпопуларните острови, како Миконос и Санторини, невозможно е да се најде сместување за помалку од 100 евра од ноќ. Минималната плата за редовен вработен во Грција е нешто над 700 евра.

Грција со скапи дестинации – на Миконос Американка платила 600 евра за две пијачки и порција рак

На Миконос, некои лежалки во ексклузивни барови, ресторани и клубови на плажа може да чинат речиси колку месечната минимална плата во Грција.

Најдобар показател за ситуацијата е примерот на Американка која платила 600 евра за две пијачки и порција рак на островот, па го тужела ресторанот.

Туризмот по пандемијата – се е поскапо, а туристите трошат повеќе!

Покрај зголемената стапка на инфлација, која е глобален феномен, цените во Грција низ годините постојано растат поради прекумерниот туризам.

Прекумерниот туризам се однесува на пренатрупаност предизвикана од голем број туристи кои посетуваат место во исто време, и обично доведува до тешкотии и за локалното население и за туристите. Феноменот е забележан ширум светот, како и во многу делови на Грција во текот на летните месеци.

Многу локални жители, иако не се задоволни од негативните ефекти на оваа појава, не сакаат да проговорат или да спроведат промени во борбата против прекумерниот туризам поради стравот да не ги загубат своите работни места, особено во екот на пандемија која е погубна за овој сектор.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија