
Денес Гучи, а некогаш – влечки од Чик Куманово, фармерки од Вартекс, патики од Борово, сандали од Југопластика – уште многу нешта можат да се набројуваат како синоними на стандардот и модата на некогашна Југославија.
Но, модата одвреме навреме прави кам бек, па некои некогашни модели доживуваат втора младост, понекогаш со светски бренд пред себе, и се разбира, со фантастични цени!
Се произведуваа масовно и се продаваа ефтино, а многумина сè уште ги чуваат во подрум или поткровје.
Одењето на море не можеше да се замисли без соодветни обувки, поточно без гумени сандали на Југопластика, кои беа произведени во повеќе бои – темно сина, жолта или еднобојна. Ги носеа сите деца на плажа, па често имало ситуации кога нечии сандали се изгубиле во „морето“ од обувки на плажата.
Карактеристично за нив е што во тоа време масовно се произведуваа и се продаваа ефтино, а многумина денес ги чуваат во подруми или тавани. Оние кои немаат своја југословенска копија на влечки, сепак можат да ги добијат, но по поскапа цена. Имено, модната куќа Гучи направила свој пар гумени влечки по моделот на југословенските, а цената е најмалку од се екс југословенска – за еден пар треба да се издвојат 500 долари.