
Хари Стајлс е најбогат млад човек во светот, на листата доминраат пејачите.
Меѓу најбогатите личности во светот се повеќе се појавуваат и млади луѓе, кои во раната фаза од животот веќе направиле милиони. Кога станува збор за листата на најбогати млади лица, доминираат музичарите, а ќе се најде понекој актер , актерка или манекенка.

Фото: Instagram harrystyiles
Како што е познато дека младите генерации работат многу, се трудат многу, познато е и дека се добро платени за тоа. Оваа листа го потврдува тоа.
Хари Стајлс е прв на оваа листа. Своето богатство преку неговата музичка кариера и неговиот последен многу успешен албум. Тој албум имаше хит кој помина шест недели на врвот на топ листите во Велика Британија. Глумеше и во холивудски филмови и се појавуваше во реклами. Неговото богатство се проценува на 116 милиони фунти.
На второ место се најде пејачката Дуа Липа со заработка од 69,1 милиони фунти. Таа заработка ја оствари со албум и светска турнеја оваа година, со што за само два месеци заработи 35 милиони фунти.

Фото: Instagram dualipa
Третото место и припадна на манекенката Кара Делевињ. Нејзината заработка од 63,8 милиони фунти е резултат на соработката со Burberry, Rimmel, Chanel и Puma, а нејзината компанија Cara & Co минатата година оствари профит од 7,2 милиони фунти.
Ова е топ-листата на најбогатите луѓе во Британија до 30 години: