
Илон Маск, првиот човек на „Тесла“ на 4 април објави дека поседува голем удел акции во Твитер, а 10 дена подоцна понуди да ја откупи целата компанија за 44 милијарди американски долари, односно 54,2 долари по акција. Како гаранција, тој ветува еден дел од неговото сопствеништво во „Тесла“.

Ама во бизнисот не е се така розево, па оттогаш, цената на акциите на Твитер падна за повеќе од 12 отсто, а цената на акциите на Тесла за 28 отсто, за во средата на завршувањето на берзанското тргување во САД тие акции паднат за уште 40 отсто.

Photo by Brett Jordan on Unsplash
И не му се доволно маките со падот на акциите на Маск, па акционери на Твитер поднесоа тужби против него и против Твитер поради „хаотичниот процес на преземање на компанијата“ што управува со истоимената социјална мрежа, во време кога преземањето на компанијата од страна на Маск не е завршен. Акционерите сметаат дека спроведувањето на овој процес довело до неочекувани и големи разлики на цената на акциите.
Во тужбата што е поднесена завчера, акционерите на Твитер напаѓаат дека Маск ги прекршил корпорациските закони на Калифорнија на неколку полиња, а со тоа и вршел манипулација на пазарот. Акционерите велат дека Маск имал финансиска корист од одложување на разоткривањето на неговиот вистински удел во Твитер и за привремено прикривање на неговиот вистински план во април годинава, да стане член на управниот одбор на социјалната мрежа.
Маск купувал акции на Твитер имајќи инсајдерски информации добиени од приватни разговори со директори и членовив на одборот, вклучително и од доскорешниот генерален директор на Твитер, Џек Дорск, којшто е долгогодишен пријател на Маск.

А мислевме дека корупција и игри има само кај нас? Ете не било така..