ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.02.2024
(Инфографик) ЕУ: Телевизијата се уште медиум со најголема популарност и доверба
Автор: Goce Author

71% од испитаниците во Европската Унија на анкета на Евробарометар одговориле дека во изминатите денови најмногу вести добивале од телевизија. После телевизијата 42% одговориле дека добивале вести и од интернет платформите, па 37% рекле дека добиле вести од радио и социјални мрежи.

Ова се резултати за 2023 година, а во споредба со 2022 година телевизијата има пад од 4 процентни поени, додека социјалните медиуми имаат раст од 11 процентни поени.

Во однос на довербата, испитацниите дефинитивно се уште најмногу веруваат на јавните радио дифузери. 48% одговориле дека најголема доверба имаат во јавните радио и телевизии, 38% одговориле дека веруваат на печатените медиуми, а 29% одговориле дека веруваат на приватните радија и телевизии.

 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија