ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.10.2022
Инстаграм повторно со новитети
Автор: Goce Author

Мета повторно со новитети, овој пат на апликацијата Инстаграм. Компанијата минатата година забележала пад на приходите, па како една од стратегиите која ги воведува за покачување на истите е појавувањето на многу повеќе рекламни постови во повеќе сегменти на апликацијата, вклучително и „Explore feed“ и feed-от на објави на профилите на корисниците.

Корисниците на апликацијата ќе ги гледаат почесто рекламите од брендовите, а можноста за креирање реклами во feed, се’ уште се тестира. Со оваа опција креаторите на реклами ќе имаат можност да заработат дел од приходите од рекламите што ќе се појават во апликацијата.

Мета објавила дека работат на тестирање и за дополнителни услуги кои ќе им помогнат на корисниците виртуелно да го уредат својот дом, како и воведување на кратки реклами кои ќе се појавуваат за време на reels со можност да се исклучат.

Колку младите во Македонија  користат ,,Фејсбук’’ и ,,Инстаграм’’ ?

Иако многу од корисниците не сакаат да гледаат реклами, изгледа сепак ќе мораат да го прават тоа…

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија