
Текстот го подготвија Маријана Николва и Кристијан Трајчов
Културните работници во Македонија ги има се помалку малку поради слабиот интерес на младите професионално да се занимаваат со културата после завршувањето на нивното средно образование. Како најчести причини се издвојуваат слабите финансии во оваа професија, времето коешто се жртвува при спремањето на различни претстави, а и недоволното ангажирање на институциите за да се подобри оваа состојба посебно во помалите градови.
Анета Илкачева е млада девојка која во нејзиното средно образование била присутна во многу драмски претстави каде желбата за глума кај неа постоела уште од мала. Во консултации со различни културни работници, како и професори, избрала друг пат, пред се, како што наведува и таа, најмногу заради несигурните финансиски примања коишто се важен фактор за егзистенција.
„Во мојата глава секогаш ќе постојат прашалници, дали доколку условите и околностите беа други, би продолжила да се занимавам со културата и би можела да просперирам во денешницата. Овде голема улога играат и институциите коишто треба да ги мотивираат младите да се занимаваат со културата, да им ја укажат вредноста на културата. Интересот во основното и средното образование е голем и има многу скриени таленти коишто некој треба да ги препознае.“

Анета Илкачева
Ефтим е актер со повеќе од 20 години искуство којшто вели дека на младите не им треба порака, на нив им треба поддршка. Тој вели дека имаат желба, мотивација, ентузијазам и љубов за културата. Трајчов потенцираше дека како што младите растат, нивната љубов за културата опаѓа и се потиснува поради лошата поставеност на државата и нејзиното несигурно чекорење.
„Пандемијата е уште еден страшен негативен одраз врз културата, како и спортот и се она што е поврзано со публика. Сите мерки коишто беа донесени за да може публиката да биде присутна на било кои јавни настани, ги одвлече луѓето.“
Ѓоргиева: “Денес сме многу поблиску од било кога до филмската индустрија на Запад”

Ефтим Трајчов Ѓаурски
Катерина Диманова Јованова е драматург и професор во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш и потенцираше дека живееме во општество во кое вредностите се изменија и во буквална смисла културата и сето тоа што значи сцена и литература станува нешто што е второстепено.
„Има една мала бројка на млади коишто опстојуваат во културата, макар што можеби пред десет години интересот бил поголем, ама сепак постојат индвидуалци коишто се жарчето што неможе да изгасне во оваа општество.“

Катерина Диманова Јованова
Приказната погледнете ја во продолжение.