ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.05.2022
iPod се пензионира, Apple престанува со негово производство
Автор: Goce Author

Apple престанува да го произведува легендарниот iPod кој што ни го промени начинот на кој слушавме музика и стана дел од едно време.

Гигантската компанија ,,Apple’’ објави дека последниот модел што се произведува под името iPod tuch останува во историјата. Компанијата најави дека гаџетот ќе остане во продажба, но само додека не се потрошат залихите.

Последниот модел на iPod беше претставен во 2019 година, па може да се каже дека ,,Apple’’ одамна се откажа од производство на него. iPod беше од тимот од технолошкиот свет каде многу деца го имаа како замена за iPhone.

,,Apple’’ останува на тоа дека iPod ќе продолжи да ,,живее’’ на iPhone I iPad.

Првиот iPod  на Apple беше претставен на јавноста во 2001 година, додека во 2007 iPod tuch беше многу сличен со iPhone , само што немаше опција која овозможува повици.

Apple исплати 105.500 долари награда за пронајдена грешка

Моделот кој ја одбележа конечната доминација на iPod-от беше iPod Mini, кој конечно ја елиминира секоја конкуренција, благодарение на своето мало „пакување“. Пред Mini, iPod имаше 31 отсто од пазарот на преносни музички плеери, а за 18 месеци од лансирањето на новиот модел, тој процент се искачи на 74. На почетокот на 2007 година, iPod му донесе на Apple повеќе од половина од вкупниот приход. Во истата година, продажбата на уредот надмина сто милиони до април.

Корисниците на iPod имаа илјадници песни во џебот. Ова го промени светот на музиката и делумно ја намали пиратеријата. iPod-от означи една ера на технолошката историја и го заработи своето пензионирање.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија