ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.05.2022
Исчезна авион кој требало да лета само 15 минути во Непал
Автор: Goce Author

Во Непал денес исчезна авион на приватна авиокомпанија, соопштија претставници на авиокомпанијата и владата од Непал.

Авионот, кој бил на 15 минутен редовен лет до планинскиот град Џомсам, изгубил контакт со аеродромската кула веднаш по полетувањето. Во него имало 22 лица.

Авион надлетува над Непал
Photo by Chandan Chaurasia on Unsplash

Летот на авионот бил започнат од туристичкиот град Похара, северозападно од главниот град Катманду, до Џомсам, на околу 80 километри северозападно.

Официјален претставник на авиокомпанијата истакна дека четворица патници се од Индија и дека има уште двајца странци чија националност се уште не е позната.

Непал, кој ги има некои од највисоките планини во светот, има долга историја на авионски несреќи поради ненадејни промени на времето и писти на незгодни планински локации.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија