
Отворена е прва истрага за прекршување на новите прописи за социјалните медиуми.
Властите на Европската унија истражуваат дали онлајн платформата ,,Х”, ги прекршила строгите нови прописи за социјалните медиуми во првата ваква истрага откако стапија на сила правилата дизајнирани да ја направат содржината на интернет помалку токсична.Потпретседателката на Европската комисија, Маргрет Вестагер изјави:
„Секое прекршување на нашите правила го сфаќаме многу сериозно. А доказите што моментално ги имаме се доволни за официјално да покренеме постапка против ,,Х“.

Истрагата ќе испита дали ,,X”, порано познат како Твитер, не направил доволно за да го спречи ширењето на нелегална содржина и дали мерките за борба против „манипулацијата со информации”, биле ефективни.Голем број на големи технолошки компании се соочија со построга контрола откако Законот за дигитални услуги на ЕУ стапи на сила претходно оваа година, заканувајќи се со казни до 6%.
Во соопштението на компанијата се вели дека „X” останува посветена на усогласување со Законот за дигитални услуги и соработува со регулаторниот процес, важно е овој процес да остане без политичко влијание и да се следи според законот. ,,X” е фокусиран на создавање безбедна и инклузивна средина за сите корисници на нашата платформа, истовремено заштитувајќи ја слободата на изразување.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автори: Антониа Симјоновска, Меланија Панева, Кирил Стојанов и Климент Трајков.