
Актуелниот европски првак Италија доживеа нов дебакл во квалификациите за Светското првенство и не се пласираше на второто СП по ред.

Сепак, Апенините не се помируваат со тоа фијаско и се уште се надеваат дека би можеле да се најдат во Катар, преку „зелената маса“.
Според локалниот „Медиасет“, ФИФА би можела да го казни Фудбалскиот сојуз на Иран, кој навистина се пласираше на Светското првенство, но на последниот квалификациски натпревар против Либан во Машдад, не дозволи присуство на жени.
На социјалните мрежи можеа да се видат снимки како полицијата дури со солзавец кине жени со купени билети за натпреварот на нивната репрезентација.
Членот на ФС на Иран Мехрдад Сердаши на Твитер објави дека загрижува веста од ФИФА која жестоко го санкционира недостатокот на сексуална толеранција и еднаквост, а особено ваквите постапки на полицијата.
Поради тоа, Италијанците се надеваат дека казната би можела да биде дури и исфрлање на Иран од Мундијалот, иако шансите за тоа се реално многу мали.
Доколку тоа навистина се случи, првата следна репрезентација на ранг-листата на ФИФА ќе учествуваше на Светското првенство, а тоа е Италија.
Македонија достоинствено во баражот, познати 27 учесници на СП
Значи, таму е последната надеж на Италијанците дека сепак би можеле да учествуваат во Катар, но и самите се свесни дека тоа се граничи со „научна фантастика“.
„Ваква драстична казна е малку веројатна и се граничи со научна фантастика. Не можеме да очекуваме дека Иранците ќе бидат исфрлени од Светското првенство, но ова е последна шанса Италија сепак да го види Светското првенство“, пишува Медиасет.