ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.02.2022
„Изгубени илузии“ прогласен за најдобар филм со седум награди
Автор: Goce Author

На 47 – та церемонија „Цезар“ филмот „Изгубени илузии“ беше фаворит со петнаесет номинации.

Фото: Corse Matin

Овој филм освоил седум награди од кои едната беше категорија за најдобар филм. Продукцијата ја освоила и наградата за најдобра споредна машка улога за Винсент Лакост и награда за најдобра машка филмска надеж на Бенџамин Воазин кој се јавува во улога на провинцијалист чии соништа се далеку од реалноста на Париз.

Продуцентите на филмот „Анет“ заминале со пет награди „Цезар“.

Церемонијата била посветена на  Гаспард Улиел кој го изгуби својот живот на 37 години за време на скиење, а бил одликуван и Жан Пол Белмондо, кој почина минатата година.

На церемонијата било изјавено дека нема да се зборува за тековната воена ситуација. „Ќе се смееме, ќе бидеме трогнати, суштината на нашата работа е да продолжиме без разлика на се, дури и ако светот се распадне“, изјавил церемонијалниот мајстор Антоан де Кон при пристигнувањето на сцената.

Најголемата вистина – нов македонски филм кој комбинира четири жанрови

Но сепак Кејт Бланшет изјавила дека е тешко, а да се мисли на нешто друго, освен на  Украина.

На крајот Аисату Диало Сања при добивање на „Цезар“ за најдобра споредна улога за „Фрактура“, филм за болниците во Франција, каде што и таа ја игра својата улога на медицинско лице изјавила дека оваа награда е за сите негувателки и дека е отворена за нови понуди за соработка и снимање на филмови. Својата приватна работа како медицинско лице може повторно да ја преточи пред камерите.

Фото: Deadline

Погледнете ја комплетната листа на „Цезар“ 2022

  • Најдобар филм: „Изгубени илузии“, во режија на Ксавиер Џаноли
  • Најдобар режисер: Лео Каракс за „Анет“
  • Најдобра актерка: Валери Лемерсие за нејзината улога во „Алин“
  • Најдобар актер: Беноа Магимел за неговата улога во „Во неговиот живот“
  • Најдобра споредна машка улога: Винсент Лакост во „Изгубени илузии“.
  • Најдобра споредна женска улога: Аисату Диало Сања за „ Фрактура“
  • Најдобар странски филм: Таткото, во режија на Флоријан Зелер
  • Најдобар прв филм: „Магнетик“, во режија на Винсент Маел Кардона
  • Најдобро оригинално сценарио: Артур Харари и Винсент Поимиро за „Онода, 10.000 ноќи во џунглата“
  • Најдобра сценографија: Ритон Дупир-Клемент за „Изгубени илузии“
  • Најдобри костими: Пјер-Жан Ларок за „Изгубени илузии“
  • Најдобра женска надеж: Анамарија Вартоломеи за нејзината улога во „Настан“
  • Најдобра машка надеж: Бенжамин Воазан за неговата улога во „Изгубени илузии“
  • Најдобар краток анимиран филм: „Мирно Лудило, тешко лудило“, во режија на Марин Лаклот
  • Најдобар краток документарен филм: 2Маалбек“, во режија на Исмаел Џофрој Чандутис
  • Најдобар игран анимиран филм: Патрик Хумберт за „Сонот на боговите“
  • Најдобар документарен филм: „Снежен Пантер“, во режија на Мари Амиге и Винсент Муние
  • Најдобар краток филм: „Лоши момци“, во режија на Ели Жирар
  • Најдобар звук: Ерван Керзанет, Катија Бутин, Максенс Дисер, Пол Хејманс и Томас Гаудер за „Анет“
  • Најдобра адаптација: Ксавиер Џаниоли и Жак Фиески за „Изгубени илузии“
  • Најдобра монтажа: Нели Кетиер за „Анет“.
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)