
Новиот проект на ТЕСЛА, компанијата на Елон Маск, е револуционерен начин на домување. Елон и неговото нетрадиционално сфаќање на нештата ја изроди оваа идеја.

Овој „дом“ е современа креација која ги решава проблемите на модерното домување, пред сѐ во западниот свет. На пример, во САД е многу тешко да купите нова куќа, стан, и сл. Недвижностите најчесто се многу скапи, споредено со примањата на просечен граѓанин, и е несфатливо за младите да си купат своја куќа или стан.
Овој проблем ТЕСЛА го претвори во можност, и овозможува дом за многу мала цена споредено со традиционалните куќи. Цената е само $15.000 долари, што е отприлика еднакво на 2 месечни плати на едно семејство.
Детето на Илон Маск бара промена на името и прекинување на врските со својот татко
Куќата содржи, кујна, дневна и спална соба кои се со помали димензии од традиционалните но сосема доволни за домување.

Секоја куќичка е изградена од комбинација на бетон, железо и стиропор, но нагласена е и употребата на дрво како природен материјал. Куќичките имаат свој соларен генератор и се опремени со сите модерни (смарт) уреди во него. Кровот е целосно покриен со соларни панели кои ја генерираат потребната електрична енергија која се складира во т.н. Тесла-ѕид кој ја чува струјата во батерии. Прозорците се еко-ефикасни како и целата конструкција на куќата која ја прави легална за патување.

Самиот Елон Маск има живеено во ваква прототип-куќа, која беше во близина на лансирната платформа на Спејс-Икс, додека ја развиваше вселенската програма.
Таканаречената ТЕСЛА, куќа повеќе личи на модерен несекојдневен камп, кога е склопена може да се влече со еден автомобил за промена на локацијата, при што ја прави посебно привлечна за млади брачни парови.