ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.02.2022
Каков е животот без пријатели 6 години?
Автор: Goce Author

Прочитајте ја приказната за тоа каков е животот без пријатели.

„Дозволете ми да ви кажам нешто. Доколку сретнете некој кој живее сам, без разлика на тоа што ќе ви го каже, не ужива во осаменост. Таа личност живее сама бидејќи не успеала никако да се вклопи во светот, а секогаш кога пробувала, била разочарана од околината.“ – Jodi Picoult.

Фото: Wikipedia

Накратко

Живеев сама 6 години. Имав минимален контакт со луѓе надвор од интернетот и не излегував од дома. Ова е мојата приказна за тоа каков е животот без пријатели.

Зошто?

Имав малку пари, колку да преживеам, па решив да се занимавам со онлајн кариера.

Мојот секојдневен живот 

Се будев наутро и си правев кафе. Појадував и почнував со работа која траеше од 7 до 12 часа, а некогаш и подолго. Потоа најчесто заспивав пред телевизорот.

Социјален живот

Најчесто за време на викендите играв онлајн игри со моите онлајн пријатели. Ретко се случуваше да го земам таблетот и да заминам во некое кафуле.

Придобивки од ваков начин на животот

  • Научив ново хоби
  • Работев без некој да ме прекинува
  • Станав успешна во мојата кариера
  • Запознав онлајн пријатели
  • Имав повеќе време за читање

Негативни страни

  • Осаменост
  • Поминато премногу време сами со себе и губање на чувството за реално животно искуство
  • Желба за физички разговор
  • Губење на блиски пријатели
  • Губење на желбата за убав изглед
  • Занемарување на потребата за чист дом
  • Патувањето сам повеќе нема никаква смисла
  • Зголемена депресија

Кога се враќам назад во времето, сфаќам дека немам спомени.

Закрепнување

Кога сфатив дека го немам животот надвор од интернетот и дека имам проблем, се преселив кај моите родители и си купив куче. Бев емоционално скршена и плачев секогаш кога кучето ќе легнеше до мене. Потоа се преселив во град и најдов работа со физичко присуство. Запознав многу луѓе и ми беше многу тешко да се вклопам, ама не се откажав. Така завршив и во врска и веќе не живеам сама. Имам момче и две кучиња. Се чувствувам среќно.

Што претставува и која е позадината зад “Imposter Syndrome”?

Совети

Доколку некогаш сакате да живеете сами, еве неколку совети од лично искуство.

  • Придружете се на локална организација која ќе ви помогне да имате контакти со луѓе.
  • Слободното време искористете го за учење. Одберете курс кој ќе ви го пополни времето корисно.
  • Ако сте осамени, размислете да си купите милениче
  • Ако е можно, пробајте да живеете блиско до некое кафуле.
  • Бидете организирани и имајте чист дом.

Ако живеете сами, грижата за себе и за вашето ментално здравје е голема одговорност. Мора да бидете спремни на овој чекор и да не дозволите да ве победат темните мисли.

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Генерацијата Z ги тера миленијалците во пензија