ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.05.2022
„Калуш оркестар“ го продаде евровизискиот трофеј
Автор: Goce Author

Украинскиот „Калуш оркестар“, бендот кој победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, го продаде својот трофеј.

Фото: FB Kalush

Кристалниот микрофон беше продаден на аукција на Фејсбук за 900.000 долари, со цел да се купат дронови за украинската армија. Продажбата се совпадна со настапот на бендот на хуманитарен концерт на берлинската Бранденбуршка порта, јавува Би-Би-Си.

Зборувајќи на концертот, членот на „Калуш оркестар“ Олег Псјук апелираше до сите луѓе да не се „навикнуваат на војната во Украина“.

„Мислам дека секогаш треба да биде на насловните страници додека не дојде мирот“, рече Псјук.

Дали „Сленг“ го имаше трендот за Песна за евровизија во 2009?

Нивната песна, Стефанија, првично беше напишана во чест на мајката на Псјук, но емотивните текстови како „Секогаш ќе одам до тебе по уништени патишта“ беа протолкувани како поддршка за Украина во војната против Русија.

Украинскиот ТВ водител Сергеј Притула објави дека со парите собрани од продажбата на трофеи ќе се купат три беспилотни летала ПД-2 од украинско производство, пренесува Ројтерс.

(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)