
Легендарниот „Камп ноу“, стадионот на Барселона, за првпат во историјата може да го смени името.
Ова е можно поради договорот кој каталонскиот гигант го потпиша со компанијата „Spotify”.
Барселона потпиша спонзорски договор според кој во следните три години ќе добие 280 милиони евра.
Оваа сезона каталонскиот гигант ќе добива 43,5 милиони евра по сезона од неколку спонзори, а новиот спонзор му носи дополнителни 93 милиони годишно.
Станува збор за шведскиот сервис за аудио стриминг „Спотифај“, чие име ќе стои на дресовите на машкиот и женскиот тим на Барселона. Дополнително, Spotify треба да добие право да го смени името на стадионот „Камп Ноу“ со овој договор.
Барселона никогаш не го промени името на својот стадион, а до 2006 година немаше спонзор на дресовите. Првиот натпис на дресот на Барса го даде УНИЦЕФ, а после тоа спонзори беа Катар Ервејс и Ракутен (Вајбер).
Дали знаете дека на некој начин и ние бевме домаќини на Зимските олимписки игри?
Директорите на Spotify беа видени на натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид (4:2) минатиот викенд, па се очекува договорот да биде официјализиран во текот на неделата.
Оваа вест доаѓа во време на јавни обвинувања против Спотофај за ширење расна омраза, но и ставови против вакцинацијата.Затоа легендарните Нил Јанг и Џони Мичел ја отстранија својата музика од овој сервис.
Изградбата на Камп Ноу започнало на 28 март 1954 година, откако претходниот стадион на Барселона не можел повеќе да се прошири. Иако најпрво било планирано да се вика Естади дел Барселона, било избрано попопуларното име Камп Ноу. Изградбата на Камп Ноу започна на 28 март 1954 година пред 60.000 навивачи на Барса. Гувернерот на Барселона, Филипе Аседо Колунга беил првиот кој ја започнал изградбата, со благослов од владиката на Барселона, Грегорио Модрего. Изградбата траела три години, поминувајќи 336% над буџетот со конечен износ од 288 милиони пезети. Стадионот официјално беше отворен на 24 септември 1957 година. Архитектскиот тим беше составен од Францес Митижан, Жозеп Сотерас и Лоренцо Гарсија Барбон.