
Австрискиот кардинал Кристоф Шенборн остро ги осуди антиваксерите и ги бранеше активностите на австриската влада во борбата против пандемијата на коронавирус.

Виенскиот архиепископ за јавниот сервис ОРФ изјави дека е лут поради постојаните критики на населението и рече дека во меѓувреме владата е критикувана за она за што не е одговорна.
Тој посочи дека реакцијата на вирусот е многу голема одговорност. Посочи дека за време на пандемијата и црквата била соочена со губење доверба, а причината е апелот на епископската конференција до граѓаните да се вакцинираат.
„По тој апел добив многу писма од луѓе кои поради тоа ја напуштија црквата и кои го изразија своето незадоволство“, рече тој.
Кардинал Шенборн рече дека разговарал и за вакцинацијата во неговата околина.
„Понекогаш помислував на за антиваксерите помислував – дај Боже да паѓа мозок од небото“. „Повеќе разум и поголема умереност би биле корисни“, рече тој, додавајќи дека е тешко во време на социјалните мрежи.
Според него, во моментов е тешко да се направи разлика помеѓу она што е реално и она што е лажно. Тој додаде дека црквата одлучила да им верува на експертите, кои биле сослушани од владата.
Австрискиот кардинал рече дека меѓу свештениците на Католичката црква имало повеќе од нив кои се изјасниле против вакцинацијата.